Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија.
Тој се сомничи дека на 27-ми овој месец во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана и му одзел личен предмет.
Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.