Елези е пред трансфер во Бохум

Елези-е-пред-трансфер-во-Бохум.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агон Елези се наоѓа пред трансфер во Бохум. Македонскиот репрезентативец ќе го напушти Вараждин шест месеци пред истекот на договорот.


Елези, последниот натпревар за Вараждин го одигра во ноември минатата година, а потоа беше префрлен во јуниорскиот тим откако одби да потпише нов договор.

Играчот за врска сега се наоѓа пред трансфер во Бундес лигата. Според германските медиуми тој треба уште да ги мине медицинските тесто, пред да потпише договор со Бохум. Доколку потшише договор, тој ќе биде вториот македонски репрезентативец кој пристигна во Бундес лигата во овој преоден рок. Претходно Елиф Елмас од Наполи пристигна во Лајпциг.

Елези од септември 2020 година одигра 68 натпревари, за Вараждин, постигна осум гола и забележа една асистенција.

Бохум по 19 натпревари во Бундес лигата се наоѓа на 14.место со 20 бодови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK