(Видео) Земјоделците го блокираа Париз: владата подготвува нови мерки

Видео-Земјоделците-го-блокираа-Париз-владата-подготвува-нови-мерки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз, а членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри на југот на Франција, јавува „БФМ ТВ“.


„Сакаме да ги блокираме логистичките центри бидејќи бараме подобра распределба на додадената вредност. Бараме да ги зголемат нашите откупни цени без да ги зголемат цените за крајните потрошувачи. Бараме, всушност, да ги намалат маржите. Ќе останеме додека е потребно“, рече претставник на земјоделеците.

Генералниот секретар на синдикатот ЦГТ, Софи Бине рече дека го разбира гневот на нафтените фармери. Бине ја повика владата да „преиспита голем број од правните механизми“ за да се стави крај на шпекулативните операции со прехранбените производи.

Француската влада синоќа соопшти дека денеска ќе бидат преземени нови мерки во корист на земјоделците. Владината портпаролка Приска Тевенот, по состанокот на Советот на министри, изјави дека премиерот Габриел Атал ќе прими претставници на францускиот земјоделски синдикат и членови на Здружението на млади фармери, во присуство на министрите за земјоделство, и министрите за еколошка транзиција, пишува „Фигаро“.

Француските земјоделци вчера почнаа да ги блокираат осумте автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција, а од минатата недела ги блокираат патиштата во делови на Франција поради владиниот данок за гориво за трактори, увозот на евтини земјоделски производи и ниските откупни цени, а бараат и намалување на даноците, како и земјоделците низ Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK