Унгарија и Украина сакаат средба, спорат за прашањето за унгарските малцинства

Унгарија-и-Украина-сакаат-средба-спорат-за-прашањето-за-унгарските.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина и Унгарија се заинтересирани за што поскора средба на нивните лидери, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак по разговорот со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.



Украинскиот медиум Европејска правда пишува дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, исто така присутен на состанокот, изјавил дека Киев и Будимпешта се договориле да формираат комитет кој ќе подготви предлози за правата на етничките Унгарци кои живеат во Украина.

Двете земји спорат за прашањето на унгарското малцинство. Будимпешта ја обвинува оваа земја разурната од војна дека ги ограничува правата на околу 150.000 етнички Унгарци да го користат својот јазик.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржува пријателски односи со Русија и покрај инвазијата на Украина, а во декември сите членки на ЕУ освен Унгарија го поддржаа отворањето на пристапните преговори со Киев. Блокот го заобиколи противењето на Орбан со тоа што го натера да ја напушти просторијата во моментот на одлуката.

Унгарија беше и единствената земја која не го прифати европскиот пакет помош за Украина на самитот во декември.

Сијарто пристигна во крајниот југозападен украински град неколку дена пред новата средба, каде повторно ќе се гласа за пакетот вреден 50 милијарди евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK