Џафери: Не сум човек кој работи под ултиматум

Џафери-Не-сум-човек-кој-работи-под-ултиматум.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не сум човек, кој работи под ултиматуми, ако некој каже ќе го направам ова, ако постапите вака или онака, изјави на прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарски прашања во однос на неодамнешната изјава на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, дека доколку не се одблокира пакетот закони за МИОА, ќе даде оставка.


„Јас во принцип не работам така, не ми е својствено да прифаќам ултиматум. Секој има своја слобода како ќе цени дека треба да постапи нека постапува, а за последиците нека си мислат субјектите од каде што доаѓаат и од каде што добиле доминација без оглед кој од каде доаѓа. Тоа е ставот. Јас хипотетички нема да зборувам во смисла што ќе се случи и што ако би се случило. Оставам на конкретна состојба како и да се случуваат работите така и да се изнајдат решенијата за надминување на работите“, рече Џафери.

Џафери уверува и дека без оглед колку ќе трае оваа влада  во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање и инклузивна соработка во работата обезбедувајки секој сегмент во министерството да биде транспарентен, ефикасен, отчетен  и во служба на граѓаните. Ние сме сите таму благодарение на вас, птитење на вашите интереси и создавање услови за вашата благосостојба, како и напредокот и чување на достоинството на Северна Македонија.

“Изразив задоволство за должноста, Владата што ќе ја водам јас се обврзува да продолжи целосно ефикасно со спреведување на прифатените политики. Примарната задача на оваа влада е обезбедување фер избори“, рече тој.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK