Лефков: Ковачевски и СДС, за да продолжат со криминал, го направија Талат Џафери, командант Форина, премиер на Македонија, а сега ја молат ДУИ за заеднички листи

Лефков-Ковачевски-и-СДС-за-да-продолжат-со-криминал-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија ги доживува најсрамните времиња приредени од Ковачевски и СДС. СДС на поклон ја даде Македонија на ДУИ, Ахмети и Талат Џафери, само за да си ги спасат фотелјите, само за да продолжат со криминалот и корупцијата го направија Талат Џафери или командант Форина премиер на Македонија. Дното е достигнато, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


„Еден дезертер заменет со друг дезертер. Криминалците имаа држава ама сега својот криминал го овенчаа и со премиер. Еден криминалец со друг. СДС се силеа и удираа во гради дека нема да гласаат техничка влада која нема да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски упорно велеше дека нема таков случај во светот и дека тоа е неприфатливо, но кога на дневен ред дојде Талат Џафери цело СДС како ученичиња во клупа се нацртаа да гласаат од прв до последен. Затоа народот со право вели немаме држава. Како изгледа владеењето на ДУИ. Бизниси за лотарија водени од Груби, „Соравија“ купена од Дрин Ахмети без вложен денар, десетици милиони евра тендери за донаторот на ДУИ, „Еуровиа“, хотели на Шапка преземени од бизнисмени блиски до ДУИ, тендери преку ЕСМ кои се бројат во стотина милиони евра. Али Ахмети славеше, а Ковачевски веднеше глава, а цело СДС гласаше. Ковачевски не само што се продаде себе, туку ја продаде и СДС и сите нивни пратеници. Но на понижувањата за Ковачевски во желбата за власт им нема крај. Тој го моли командант Форина и Ахмети да му го поддржат Стево Пендаровски и да имаат заеднички листи“, вели Лефков и додава:

„Ковачевски за власт дава се, со Ковачевски, СДС и ДУИ, Македонија секој ден ја има се помалку. Вака се гази државата, ова е срам за СДС. Народот го гледа срамот кој СДС и го приреди на Македонија и ќе ги порази на 8-ми мај“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK