Меџити: Само заеднички можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција

Меџити-Само-заеднички-можеме-да-постигнеме-успех-во-справувањето-со.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на стручниот настан посветен на антимикробната резистенција потенцираше дека само заеднички може да се постигне успех во справувањето со антимикробната резистенција. прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион – тоа е патоказот за антимикробна резистенција.


„Ми претставува чест да ве поздравам на овој стручен настан, посветен на антимикробната резистенција, како глобален предизвик со кој се соочуваат и најразвиените здравствени системи. Разноликоста на присутните на денешниот собир најдобро ја отсликува реалната заложба за пристап на „едно здравје“, бидејќи само така можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција“, рече Меџити и додаде:

“За важноста на овој предизвик посочи и претседателот на СЗО, Тедрос Гебрециус во своето излагање по повод одбележување на неделата на свесност за употреба на антимикробни средства, истакнувајќи дека „нерационалната употреба на антимикробни средства ќе нѐ врати во предантибиотската ера. Кон крајот на минатата година во Астана, Казахстан потпишавме прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион – тоа е патоказот за антимикробна резистенција. Верувам дека заедно со колегите од нашата држава ќе изнајдете најдобар пат да нѐ водите кон што поуспешна борба во справување со антимикробната резистенција, преку изготвување национална стратегија за 2023 – 2030“, изјави Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK