СДСМ: ДПМНЕ се заплетка, предлага министри а не ги гласа, седат во техничка Влада со Џафери а глумат дека не се

СДСМ-ДПМНЕ-се-заплетка-предлага-министри-а-не-ги-гласа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДПМНЕ самата се заплетка.


Прво ја проблематизираше техничката Влада, па велеше дека нема да учествува, потоа реши дека ќе учествува, истакнуваат од СДСМ.

„Предложи министри до техничкиот премиер Талат Џафери, а потоа пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа сопствените предлози при изборот на техничката Влада во македонското Собрние.

Го напаѓаат Џафери, а во 2013 година беше министер за одбрана во Владата на ДПМНЕ со истите оние кои денеска велат дека бил „дезертер“.

Предлагаат министри а не ги гласаат, седат во техничката Влада предводена од Џафери а се прават дека не се дел од неа“, децидни се од оваа партија.

Според СДСМ, Мицкоски не знае кај тера. Оценуваат дека тој ниту има став, ниту има капацитет да донесе некаква одлука, ниту пак знае што прави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK