Проф. Најчевска: Зошто Талат Џафери не треба да биде премиер на Македонија?

najchevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зошто Талат Џафери не треба да биде премиер на Македонија?
Прво, затоа што се избира врз основа на бесмислен закон кој нема врска со правото.
Имено, техничката/привремената/пржинската влада имаше смисла во периодот на премин од власт која беше срушена од страна на граѓаните како власт во која немаат доверба и заради тоа сметаат дека не може да спроведе фер и демократски избори.

Со таа цел беше предвидено привремен премиер да биде претставник на опозицијата како гаранција на контролата над изборниот процес и заштита од можна злоупотреба на власта за лажирање на изборите.
Во моментов претпоставуваме дека станува збор за нормални избори каде што не се бара посебна заштита. А изборот на премиер од редот на владејачката структура индицира дека оваа владејачка структура има намера да направи изборни измами.
Второ, објавениот извештај на Талат Џафери и насловната фотографија на истиот не смее да се перципира како наивен и неважен.


Тоа што во извештајот е употребен прво албанскиот а потоа македонскиот јазик е директно спротивно на одредбите на Уставот и на сите закони со кои се регулира употребата на јазиците во Македонија.
Тоа што зад ликот на Џафери е истакнато големо знаме на НАТО, испраќа порака дека станува збор за претставник на НАТО кој дава извештај за својата работа како НАТО претставник.
Тоа што македонското знаме е ставено зад знамињата на ЕУ и Албанија и со иста големина како овие две знамиња е спротивно на Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија и Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија.
Тоа што ниту претседателот на државата, ниту пратениците во Собранието, ниту претставниците на Владата ниту Уставниот суд не реагираат на овој вид прекршувања на Уставот и законите и отворено понижување на државата значи дека или толку многу не знаат или пак се едноставно платеници на мафијата регистрирана како политичка партија ДУИ.
Во секој случај, Пржинската влада не е таа која може да го замени функционирањето на заробените институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK