Европската ракометна федерација (ЕХФ) призна дека голот со кој Франција изедначи против Шведска, а потоа во продолженијата избори пласман во финалето на ЕП е нерегуларен.
Првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер, изјавил дека македонските судии Начевски и Николов направиле голема грешка.
„Се очекуваше да има проблеми бидејќи ова е ново и беше драматична ситуација синоќа. Видовме три ситуации на овој турнир кои спаѓаат во категоријата технички грешки на судиите. Едната беше кога беше поништен гол и судиите не го искористија правото да ја погледнат видео-снимката.
Втората се случи на средбата меѓу Данска и Шведска, но таа немаше влијание на конечниот резултат. Третата ситуација беше вчера“.
Тој призна дека ја прифатил одговорноста кога разговарал со Швеѓаните.
„Седнав да разговарам со нив по натпреварот и тие рекоа дека е моја вина, јас ја преземам одговорноста за тоа, но тоа беше грешка на судиите.
Имаме три големи грешки на овој турнир и се надевам дека утре нема да се случи нешто слично“.
Играта е се побрза, а судиите се пред големи предизвици. Критичарите се во право, но ова е нова ситуација.
Нправија грешка, требаше да го погледнат видеото. Што да правиме сега? Сите грешат, но ние правиме се за да го подобриме ракометот“, изјави Видерер.