СДСМ: Честитка на генералниот секретар Зечевиќ по повод Свети Сава

СДСМ-Честитка-на-генералниот-секретар-Зечевиќ-по-повод-Свети-Сава.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски упати честитка до сите припадници на српската заедница и до сите православни христијани кои го слават денешниот празник.


-Ви го честитам националниот ден, празникот Свети Сава! Ви посакувам добро здравје, спокој и благосостојба. Српската заедница во земјава отсекогаш давала значаен придонес во развојот на македонското мултиетничко општество и унапредувањето на економскиот, културниот и општествениот живот и тоа е за длабока почит. Негувањето и јакнењето на заедништвото, меѓусебното почитување и помагање нека бидат заеднички поттик да продолжиме заеднички по патот на напредокот, обединети во идеите за создавање добри дела за нашите народи и за сите граѓани. Нека е за многу години Свети Сава!, стои во честитката на генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK