Силен земјотрес во Гватемала, почувствуван и во Ел Салвадор

Силен-земјотрес-во-Гватемала-почувствуван-и-во-Ел-Салвадор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Гватемала во Пацификот доцна синоќа, објавија странските агенции, повикувајќи се на сеизмолошката служба на Гватемала.


Земјотресот го потресе Гватемалскиот регион Ескуинтла, а беше почувствуван и во Ел Салвадор.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Според германскиот истражувачки центар за геонауки, земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а неговата длабочина била 119 километри.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK