Битиќи за законот за нефер трговки практики: Собранието работи ефективно до април, верувам дека пратениците ќе се одважат и ќе го донесат

Битиќи-за-законот-за-нефер-трговки-практики-Собранието-работи-ефективно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува до почетокот на април пратениците да го изгласаат законот за нефер трговски практики. Законот се очекува да оневозможи моќна компанија да влијае врз другите компании, ќе го уреди начинот на трговија на земјоделски и прехранбени продукти, ќе ги заштити производителите, а со неговата примена, според најавите од минатата година, се очекува и дополнително намалување на цените на производите.


„Собранието работи ефективно до почетокот на април и јас верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и секако ќе го донесат. Мислам дека тоа не е битно за ниедна влада, тоа е битно за нашите граѓани. Еве уште еден повик во наредните два месеци кога нема да има друг притисок затоа што Владата нема да носи нови закони, да ги поминат сите закони кои се останати во собраниска процедура подолго време“, рече Битиќи .

Законот, меѓудругото, предвидува намалување на рабатот со максимум десет проценти на годишно ниво што, според очекувањата на Владата, ќе ги намали цените на земјоделските и прехранбените производи и ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK