Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери

Собранието-треба-да-ги-констатира-оставките-на-Ковачевски-и-Џафери.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието ќе ја одржи 139. седница на која се очекува да бидат констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.  На седницата се очекува да биде избран и новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.


Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.

Се очекува Митрески  да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, Џафери ќе му ја предаде функцијата на Митрески.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK