Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против Ф.И.(66) од село Долгаш, општина Центар Жупа, кој се сомничи за насилство врз дете.
Тој, на 11 јануари, на спортско игралиште во селото Долгаш физички нападнал малолетничка, објави МВР во дневниот билтен.