Претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата.
Џафери го овласти потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана за утре.
Претходно денес, оставка поднесе и премиерот Димитар Ковачевски, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката в недела на 28 јануари.
Џафери ќе биде новиот технички премиер, во период од три месеци, до парламентарните избори на пролет.