ДПМНЕ и Стоилковски не ја говорат вистината, бидејќи УЈП нема извршено поврат туку фирмите за кои зборуваат имаат даночен долг за кои службите во УЈП постапиле.
„Дополнително, по констатираните состојби прибавените докази од извршените контроли се доставени до Управата за финансиска полиција за понатамошно постапување согласно нивните законски надлежности. УЈП ниту вратила поврат, ниту дозволила незаконски постапки. Тоа е факт“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив, очаен е обидот на ДПМНЕ и Стоилковски со невистини и фабрикувани лаги да се напаѓа професионалната работа на УЈП.