ВМРО-ДПМНЕ: Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала казна од 4 години, а шестообвинетиот најголема од 14 години

vmro-dpmne-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

После пет години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот „Дурмо Турс“ има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Според оваа партија, само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на „Дурмо Турс“, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот, шестообвинет, најголема (14 години).

„Само во судство на СДС и ДУИ, вештачење на пензиониран наставник од средно училиште има поголема вредност од вештачење на Машинскиот факултет.

Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ, да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници.

Затоа довербата во судството е само 2 проценти“, додаваат од опозициската партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK