Тинејџерка е убиена во средно училиште во село во општината Санкт Леон-Рот на југозападот на Германија, а еден ученик е во бегство, соопшти полицијата, пренесува германската агенција dpa.
На терен има спасувачки хеликоптер и голем број полицајци кои трагаат по сторителот.
Како што пренесува Билд, според полицијата, насилникот и жртвата се познавале.
Според полицискиот оддел во Манхајм, средното училиште било евакуирано, а учениците биле однесени на безбедно.