14 години затвор за возачот на автобусот на Дурмо турс, 4 години за сопственикот на компанијата

14-години-затвор-за-возачот-на-автобусот-на-Дурмо-турс.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првообвинетиот Дурмиш Белули е осуден на казна затвор во траење од 4 години, второобвинетиот Ремзи Мифтари е осуден на казна затвор 6 години, обвинетите Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски судот ги осуди на пет години затвор, а возачот на автобусот, Маноил Трифуновски 14 години.


Во случајот беа обвинети сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, кои се товарат за соучество во истото дело.

Одбраната на обвинетите во завршните зборови потенцираше дека во доказната постапка не се докажало тоа што им се става на товар на секој од обвинетите посебно и побараа ослободителна пресуда.

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски побара најстрога казна, бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Најстрога казна тогаш побараа и оштетените, родители и роднини на загинатите во сообраќајната несреќа.

Процесот го водеше судијката Диана Груевска Илиевска.

Во автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK