Вчера околу 17 часот и 15 минути во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец П.М.
Tој бил пријавен од неговиот 59-годишен брат дека физички ја нападнал нивната 82-годишна мајка и дека на двајцата им се заканувал.
Полицијата соопшти дека е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.