„Економските мерки и политики на СДСМ создаваат услови за нови инвестиции, поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Потврда е влегувањето на македонскиот пазар на трговскиот ланец Лидл, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена“, соопшти СДСМ.
„Со инвестиција од 80 милиони евра во изградба на современ логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона во кумановска Речица, Лидл планира најголема и долгорочна инвестиција во државава.
Вакви големи инвестиции го поттикнуваат развојот на економијата, носат нови добро платени работни места за граѓаните.
СДСМ продолжува со успешните економски политики, кои создаваат стабилна, развојна и динамична економија, привлечна дестинација за инвеститорите“, се наведува во соопштението на СДСМ.