Владеачката СДСМ денеска на собраниската Комисија за избор и именувања го повлече предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд. Јовески преку медиумите побара објаснување зошто му е нанесена штета бидејќи неговата кандидатура без никакво образложение за една минута било соопштено дека е повлечена, а причините за тоа, како што вели, ги нема.
Кандидатурата на Јовевски за судија во Уставен суд, во Собрание чекаше повеќе од една година, во меѓувреме тој се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, го опиша Јовески како главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години.
Тој си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство, па сега СДСМ, глумејќи одговорна партија, се откажа од Јовески, вели Стојаноска.
„Љубомир Јовески повеќе не е им е потребен бидејќи здачата за која беше поставен си ја исполни, а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј неповедени обвиненија, скриени предмети, смешни и бизарни пресуди, ослободување криминалци и уште многу партиски нарачани одлуки и пресуди. СДСМ веќе нема никаква корист од Љубомир Јовески и исто како и со Катица Јанева и Вилма Русковска се одрекуваа од овој човек за повторно да си ги заштитат партиските интереси“, рече Стојаноска.
Денешната расправа на Комисијата за прашањата за изборите и именувањата беше 25. продолжение на седницата на која се расправаше за изборот на Јовески за уставен судија. Тој беше еден од кандидатите предложени од владејачкиот СДСМ за работа во Уставниот суд.