Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, што значи дека нема шанси по завршувањето на првиот грен слем во сезоната да се врати на првото место на АТП листата.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе остане на првото место и по завршувањето на Австралија опен.
Ѓоковиќ ќе биде број 1 сигурно до 19 февруари.
Тоа значи дека Новак ќе има 412 загарантирани недели на чело на АТП листата.
Шпанецот имаше можност во случај на победа да стигне до врвот на листата во Мелбурн, бидејќи Ѓоковиќ го брани трофејот, а минатата сезона тој не играше поради повреда, што значи дека не бранеше ниту еден поен.
Ѓоковиќ може дополнително да ја зголеми предноста пред Алкараз. Во полуфиналето на грен слемот во Мелбурн Новак ќе игра против Јаник Синер, додека во второто полуфинале покрај Зверев е и Данил Медведев.