Судар меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка: има загинати и повредени

Судар-меѓу-брз-воз-и-камион-на-истокот-на-Чешка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени.



Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица.

Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин.

Надлежните изјавија дека во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Според надлежните оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK