Дел од трговскиот центарот во Белград е изгаснат, но дел се уште гори. Станува збор за огромен објект.
U Kineskom tržnom centru u Bloku 70 jutros je izbio požar.
Požar je prijavljen oko 7h, a na teren je poslato više od 40 vatrogasaca sa 13 vozila. pic.twitter.com/UnxmlTTGOK
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 24, 2024
Лука Чаушиќ, раководител на секторот за вонредни ситуации за српски Телеграф вели дека најважно е што нема жртви во огромниот пожар што утринава избувна во Блок 70.
„Посебно морам да го истакнам ангажманот на хеликоптери, за прв пат хеликоптерските единици на МВР работат на гаснење пожари во внатрешното градско јадро. Тие беа ангажирани по наредба на министерот за внатрешни работи и дадоа голем придонес во намалувањето на температурата, со оглед на тоа дека се ослободува големо количество топлина, за да можат нашите членови да се приближат и да го изгаснат пожарот одвнатре“, рече тој.
Пожарот бил пријавен во 06:57 часот. Над 50 пожарникари со 15 возила и хеликоптери го гасат пожарот.