ВМРО-ДПМНЕ: Добро утро политички инструирани синдикати, Арсовска и раководство на ЈСП, изгласани субвенции, а ЈСП плата нема

Славески-ќе-ја-тужи-Арсовска-ме-обвини-за-фалсификување-потписи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Добро утро политички инструирани синдикати, добро утро разбојничко раководство на градот Скопје и ЈСП, владејачка градска коалицијо СДС, ДУИ и Левица: Три месеци по изгласаните 120 милиони денари субвенции за исплата на декемвриската плата, и два дена по изгласувањето на 700 милиони денари за исплата на плати за цела година, и денес вработените во ЈСП немаат плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Од опозициската партија со прашање до како што го нарекуваат, разбојничкото раководство на градот и ЈСП, Арсовска и директорот Крсте Петревски, и коалиција СДС, ДУИ и Левица.

„Зошто не ги барате парите кои владата ги должи на ЈСП, и зошто ЈСП нема за плати?

Каде се парите за плати?

Прашање до инструираните синдикати на ЈСП, ќе побарате ли одговори и одговорност од раководството на ЈСП и градот Скопје?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK