Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

Голема-полициска-акција-во-Струга.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден беа реализирани превентивни активности во рамки на Секторите за внатрешни работи Велес, Штип и Битола, при што акцентот на реализираните превентивни содржини беше сообраќајната безбедност.


Така, на регионалниот пат Неготино-Кавадарци беше реализирана превентивната активност под мотото „Биди подготвен за патување во зима“, додека пак во Пехчево во соработка со комуналните служби од општина Пехчево полициски службеници ја реализираа превентивната активност под мотото -„Паркирај совесно и одговорно“.

На подрачјето пак на СВР Битола односно во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод на возачите им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на зимска опрема, заштитните појаси, прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот и секако околу опасностите од возење под дејство на алкохол.

Во текот на сите овие активности на возачите им беа делени соодветни едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Инаку вчера, во Битола полициски службеници од СВР Битола реализираа средби со граѓаните во централното градско подрачје како и со бизнис заедницата каде што на граѓаните и сопствениците на колонијални продавници, бутици, трафики им беа поделени совети и препораки за заштита од имотни деликти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK