Поради недостиг на опрема на терен, Русите смислиле ново оружје, пренесува Форбс. Очајни за муниција, руските сили почнаа да го заваруваат вишокот ракетни фрлачи RBU-6000, наменети за бродови, на камиони и оклопни трактори МТ-ЛБ.
И покрај тоа што не е прецизен, RBU-6000 не е лошо оружје и може значително да ги забави противничките трупи. Но, со додавање на фрлачи на камиони и слабо заштитени тенкови, Русите ризикуваат да ги изложат своите фрлачи на украински оган.
Дострелот на RBU-6000 е само неколку километри, така што возилото што го носи е подложно на напади од минофрлачи, противтенковски пушки и беспилотни летала со краток дострел, како и напади од тешка артилерија и ракети, кои имаат дострел од десетици километри.
Руските маринци се свесни за проблемот и го решија со комбинирање на стари фрлачи со стари тенковски оклопи, со што значително ја зајакнаа одбраната. Видеото објавено оваа недела го покажува RBU-6000 спакуван во тенковски оклоп.
Користејќи ја нивната комбинација на стара опрема, Русите направија евтина верзија на тенкот TOS-1.