Измамена жена од Кавадарци: уплаќала пари за да добие кредит

Измамена-жена-од-Кавадарци-уплаќала-пари-за-да-добие-кредит.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице, извести МВР.


„Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK