Меџити: Направивме системски промени за европско здравство

Меџити-Направивме-системски-промени-за-европско-здравство.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска учествуваше на панелот „Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики“ што се одржува во рамки на годишната конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата на Република Северна Македонија.


Во своето излагање, тој истакна дека изминатата година се направени суштински темелни промени во здравството.

„За првпат го набавивме лекот Трикафта. Она што никој не веруваше дека ќе се случи е реалност. Лекот од следната година ќе се набавува редовно од Фондот за здравство. Деновиве ги гледаме позитивните приказни од пациентите кои сами го споделуваат задоволството на социјалните мрежи. Воведовме 6 нови лека за пациентите со ретки болести. Се грижиме за сите пациенти подеднакво, лицата со ретки болести не смее да се чувствуваат отфрлено и заборавено. Една работа на која сум особено горд е тоа што обезбедивме 650 сензори за безболно мерење на шеќер во крвта. Дечињата со дијабетес повеќе нема да мора да се боцкаат, нивниот живот ќе биде поубав и полесен. Замислете какво олеснување е тоа за нив но и за нивните родители“, рече Меџити.

Меџити, информираше дека направено е двојно зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на 5 милиони евра, со што набавена е медицинска опрема во повеќе од 15 здравствени установи.

„Ги подобривме условите во 13 јавно-здравствени установи. За првпат Сарај доби поликлиника која ќе опслужува над 45 илјади жители во овој дел од градот. Исто така, за првпат овозможивме и хеликоптерски транспорт за најитните случаи. Сега ќе може брзо да се реагира кога некој пациент ќе биде во животна опасност. Веќе имавме и пациент кој беше пренесен на овој начин на транспорт се покажа како многу ефикасно при незгоди на непристапни места“, потенцираше Меџити.

Во делот на инвестирање во здравствените работници, Меџити посочи дека лани два пати се покачени платите.

„Она што беше би рекол главна вест, тоа е вработување на неопределено на над 1100 лица медицински и немедицински персонал. Со години оние кои беа несигурни на своето работно место со договот на дело сега ќе може да аплицираат за трајно вработување. Со ова ги задржуваме вработените здравствени работници дома и ова е од суштинско значење за стабилноста на системот“, изјави Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK