Триесет и петгодишниот гостиварец Ф.Р., вчера во 20 часот во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илија Антевски-Смок“ во Гостивар бил нападнат од кучиња скитници.
Бегајќи од нив тој паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.