Пожарникари гаснеле запалена куќа во Берово, едно лице со изгореници пренесено во болница

ЦУК-Активни-пожари-на-отворено-до-утрово-нема-на-112.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.763 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22%, а 59,78% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,59%, кон Итната медицинска помош 32,01%, кон пожарникарите 2,52%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК.


Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,52% со другите 59,78% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.061 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање.

„Пожарникарите од Берово, вчера, во период од 22:55 до 00:30 часот со 2 ПП возила и 4 Пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот Берово. Во пожарот едно лице се здобило со повреди (изгореници) и истото е пренесено во Здравен дом Берово. Инаку, во последното деноноќие, имало извештаи дека речиси секаде пожарникарите имале помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено. При оваа прилика се посочува за две работи: да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиентлниот воздух и истовремено апелираме за внимателност при прошетките во прекрасната природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите“, информираат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK