Додека вработените во ЈСП мрзнеа на улици советниците на ДПМНЕ договараа како да ги изиграат, објави утрово Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, споделувајќи фотографии од седницата на Советот на Град Скопје.
„Додека Скопје немаше автобуси и луѓето не можеа да стигнат никаде навреме, додека надвор на улиците мрзнеа вработените во ЈСП, советниците на ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат. Диктати и насоки давал и Илија Димовски. Идентично како во време на режимот на ДПМНЕ. Од една страна се противат на одлуката да им се доделат субвенции, од друга страна се потсмеваат со тешката состојба на вработените во ЈСП во која токму ДПМНЕ ги стави“, велат од СДСМ.
Од тука велат дека воопшто не му е гајле на ВМРО-ДПМНЕ ниту за граѓаните ниту за работниците.