Лавров во ОН: Западот со манијакална упорност ја охрабрува Украина да се судри со Русија

Лавров-во-ОН-Западот-со-манијакална-упорност-ја-охрабрува-Украина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Западот со манијакална упорност ја охрабрува Украина да продолжи со воениот конфликт, предупреди шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, која беше свикана по повод украинскиот напад на Доњецк.


„Реалноста е дека, без оглед на целосниот пораз на вооружените сили на Украина на бојното поле, западните покровители на режимот во Киев продолжуваат да го охрабруваат со манијакална упорност да го продолжи бесмислениот воен конфликт“, изјави рускиот министер.

Зборувајќи за поддршката што Западот и ја дава на Украина, Лавров предупреди дека Киев продава дел од западното оружје на црниот пазар и дека е тешко да се замисли дека западните престолнини не знаат за тоа.

Според него, повеќето експерти разбираат дека мирното решение на ситуацијата во Украина ja попречува поддршката на Западот за режимот во Киев, кој е „во агонија“.

„Денес, за огромното мнозинство независни експерти е сосема очигледно дека клучниот фактор што ја спречува потрагата по мирни решенија за украинската криза е тоа што Западот продолжува да го поддржува режимот во Киев без оглед на неговата очигледна агонија и неспособност да ги постигне задачите што ги диктира“, рече Лавров.

Според него, Русија не започна специјална воена операција против Украина и братскиот украински народ, туку против дрскиот криминален режим во Киев.

„Во февруари 2022 година, Русија започна специјална воена операција не против Украина и не против украинскиот народ, со кој сè уште имаме братски врски. Не случајно по 2014 година, речиси 7 милиони Украинци спасот го најдоа на руска територија. Бевме принудени да започнеме воена операција против криминалниот режим кој претерано реагираше поради чувството на неказнивост, кој не сакаше, и покрај нашите бројни, повеќегодишни напори, да се откаже од војната против сопствените граѓани на југот и југоистокот од Украина и политиката на целосна дискриминација на Украинците кои зборуваат руски, кои сè уште се мнозинство во оваа земја“, објасни Лавров.

Позиционирањето на американската помош за Украина наликува на финансирање на профитабилен деловен проект, а не на борбени операции, рече Лавров.

Тој потсети дека еклатантен пример за претприемничката активност на САД во Украина е тоа што на структурите на бизнисменот Џорџ Сорос им беше дадено земјиште со црна почва за отстранување на хемискиот отпад од западната индустрија.

„Повеќето големи украински фабрики и компании, вклучително и оние кои произведуваат литиум, беа продадени на истите Американци. Плодната почва им ја дадоа под неограничен закуп, како што велат кај нас, за џабе“, додаде Лавров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK