На 47-годишна возраст почина Лиор Лубин, кошаркарски тренер од Израел.
По смртта на Дејан Милојевиќ, ова е уште една трагична загуба за кошаркарскиот спорт.
Кариера како играч, Лубин ја мина во Макаби од Петах Тиква и Макаби од Тел Авив, а надвор од татковината играше за Азовмаш, Аполон и ЦСКА од Софија.
Како тренер раководеше со Хапоел Гилбоа и Макаби Ашдод, а беше и помошник тренер во репрезентацијата на Израел. Беше асистент во Макаби и Панатинаикос.
Долги години водеше битка со ракот, која за жал на крајот ја загуби.