Меџити: Нов дијагностички центар и нова медицинска опрема на Клиниката за пулмологија

Меџити-Нов-дијагностички-центар-и-нова-медицинска-опрема-на-Клиниката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, утрово беше во посета на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија по повод отворање на нов дијагностички центар и набавка на нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, обезбедени од Министерството за здравство.


„Денеска сме во посета на Универзитетската клиника за пулмологија по повод отворање нов дијагностички центар со кој пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани. Овој дијагностички центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.

Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС (ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп). Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа Клиника.

Значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.

Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари.

На крајот, сакам да упатам честитки до раководството на установата за одличната соработка и континуираното унапредување на условите за пациентите“, изјави Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK