Деновиве многу се зборува за здравјето на британскиот крал Чарлс Трети и принцезата од Велс Кејт Мидлтон.
Имено, Кејт е во болница речиси една недела поради операција на абдоменот, а кралот Чарлс изјавил дека најверојатно наскоро ќе оди во болница поради проблеми со простатата.
Како резултат на сето ова, како што пренесува „Мирор“, со нив контактирале војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган.
Иако сите знаат дека нивните односи со монархијата се нарушени уште од моментот кога решија да се повлечат од позициите на високи членови на кралското семејство и да се преселат во Калифорнија, а многумина мислеа дека сега нема да се огласуваат – тие ги демантираа.
„Кралот и принцезата од Велс добија поддршка од принцот Хари и Меган во врска со нивното здравје. Војводата и војвотката ги контактираа двете страни на различни начини за да ги изразат своите грижи и најдобри желби“, изјави изворот за гореспоменатиот медиум.
Наведено е и дека сите членови на кралското семејство, вклучително и Хари, биле информирани за проблемот што го има кралот уште пред веста да излезе во јавноста.