Салах се врати во Ливерпул

Салах-се-врати-во-Ливерпул.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најдобриот египетски фудбалер Мохамед Салах ќе се врати во Ливерпул заедно со клупските лекари и нема да и помогне на својата репрезентација во следните натпревари на Африканскиот куп на нации.


Салах, на натпреварот од второто коло во Б групата, против Гана ја повреди тетивата и мораше да го напушти теренот.

Лекарите од Ливерпул моментално се упатија кон Брегот на Слоновата коска, а откако го прегледеаа напаѓачот, во договор со египетската репрезентација решија тој да се врати во Ливерпул.

„Доколку се опорави до финалето, а Египет е во борба за трофејот, ќе му биде дозволено да лета таму и да игра“, изјави Јирген Клоп по натпреварот Борнмут-Ливерпул.

Инаку Египет се наоѓа во тешка ситуација, со само два бода во првите две кола. За да го обезбеди првото место во групата, денеска ќе мора да ја победи селекцијата на Зеленортските острови, која со две победи веќе го обезбеди првото место во групата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK