Четириесет и девегодишна кумановка загина во вчерашната сообраќајна несреќа пред ГП Табановце

Скопски „фиат“ излетал од патот кај Куманово
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четириесет и деветгодишна жена од Куманово е жртвата во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Куманово-Таановце на два километри пред граничниот премин Табановце, соопшти денеска полицијата.


Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи вчера во 20 часот.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK