Петра Влхова се здоби со тешка повреда за време на велеслаломската трка за Светскиот куп во Јасна, ски центар во Словачка кој се наоѓа на само 12 километри од нејзиниот дом.
Иако падот не изгледаше особено тежок, Влхова се лизна во заштитната ограда, каде што и заглави скијата, поради што го истегна скочниот зглоб.
Трката беше прекината дваесетина минути додека несреќната скијачка била имобилизирана и однесена во хеликоптерот кој ја пренел во болница.
Влхова е актуелна олимписка шампионка во слалом и поранешна севкупена победничка на Светскиот куп и светска првенка во велеслалом.
Во генералниот поредок на Светскиот куп оваа сезона со 802 бода го држи второто место зад Микаела Шифрин, но можно е денешната трка да и беше последна во сезоната.