Салах мора да мирува една недела

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Египет ќе биде без својот најдобар играч Мохамед Салах во следните два натпревари на Африканскиот куп на нации.


Поради повреда на тетивата, Салах мораше да го напушти теренот на мечот против Гана, поради што нема да настапи на решавачкиот меч против Зеленортските Острови. Исто така, нема да биде подготвен за осминафиналето, доколку Египет оди во следната рунда.

Од оваа група во пресрет на последното коло Зеленортските Острови веќе се први и обезбедија место во осминафиналето, Египет по две кола има два бода, по еден Гана и Мозамбик. На Египќаните им треба победа доколку сакаат пласман во наредната рунда.

Потенцијалната елиминација на Египет ќе ги израдува фановите и стручниот штаб на Ливерпул.

Салах не е сериозно повреден, сигурно ќе може да игра седум дена, па доколку Египет испадне, тој веќе на почетокот на февруари ќе му биде на располагање на Јирген Клоп.

Натпреварите од последното коло од оваа група Б се закажани за в понеделник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK