За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 35 романи

За-наградата-„Роман-на-годината-во-„трка-35-романи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи.


Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека во годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело нема да биде воопшто лесен.

Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по јубилеен 25-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 34 романи.

Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) заклучи дека и годинава конкуренцијата изобилува со квалитетни романи.

Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 24-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK