Еден загинат во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци.



Според СВР Струмица во сообраќајката учествувале четири патнички возила.

Екипа на гевгелиската противпожарна едница е излезена со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а екипа на ПС Гевгелија врши увид на местото на настанот, извести ЦУК.

Сообраќајот се пренасочува преку село Богородица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK