Денеска во 00.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода 34-годишниот И.В., 29-годишниот С.И. и 22-годишната В.Д., сите од Штип, извести МВР.
„При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати С.И. и В.Д., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја“, соопшти МВР.
И.В. бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.