Денеска во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ѓорѓи Поп Христов“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 31-годишниот Ј.О. од Скопје, извести МВР.
Од пожарот било зафатено и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 40-годишниот М.А. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, соопшти МВР.
Извршен бил увид.