Тинејџери во Северна Кореја гледале забранета серија, осудени на 12 години тешка работа

Тинејџери-во-Северна-Кореја-гледале-забранета-серија-осудени-на-12.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северна Кореја јавно осуди двајца тинејџери на 12 години тешка работа за гледање јужнокорејски серии забранети во земјата, тврди Би-Би-Си на корејски јазик, повикувајќи се на снимки од истражувачкиот институт SAND.


На видеото, за кое се верува дека е направено во 2022 година, се гледаат двајца 16-годишници врзани со лисици пред стотици студенти на стадионот на отворено, како и униформирани полицајци кои ги караат тинејџерите затоа што „не размислувале длабоко за нивните грешки“.

Обезбеденото видео наводно било дистрибуирано во Северна Кореја со цел идеолошко образование и предупредување граѓаните да не гледаат „декадентна содржина“, а вклучува и наратор кој повторува државна пропаганда.

Како што пишува Би-Би-Си, полицијата ги именувала и тинејџерите и ги открила нивните адреси.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK