Kаде е Дрин Ахмети, прашува Европскиот сојуз за промени

Спасовски-за-внукот-на-Ахмети-МВР-ги-презеде-сите-активности.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европски сојуз за промени постави прашање до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде е неговиот внук Дрин Ахмети, формалниот сопственик на TЦ „Соравија“ во Скопје,  кој беше фатен со пиротехнички средства, за што Кривичниот законик предвидува казна затвор до 10 години.


„Бидејќи е внук на капо Али Ахмети -продолжува да шета слободно, а загрозени се полицајците кои го фатија со експлозив. Ова е причината зошто денеска сме овде да го прашаме Али Ахмети каде е Дрин Ахмети и како тоа законот не важи подеднакво и за членовите на неговото семејство?! Да не беше Дрин Ахмети внук на капо или лидерот на Демократската унија за интеграција, каде ќе беше денеска тој? Како стана едно младо момче, како Дрин Ахмети, да биде над законот?! Кој е тој судија што измислил други одредби за членовите на семејството на Али Ахмети, кои не важат подеднакво и за другите граѓани?!“, прашуваат од Европски сојуз за промени.

Европскиот сојуз за промени констатира дека криминалот и злоупотребата на правдата од страна на ДУИ добиле вознемирувачки размери, кои не само што ја загрозуваат европската перспектива на државата, туку веќе станале опасни и по животот на нашите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK