Ѓорче Петров контра Арсовска: Никогаш нелегално не сме депонирале отпад

„Најбогатиот Македонец обвинет за висока корупција, Арсовска заработи кривична, матичните книги пробиени“, матни настани на листата на „Транспаренси Македонија“ за јули
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општината Ѓорче Петров тврди дека изнесените наводи на градоначалничката Данела Арсовска се промашени и дека никогаш нелегално не депонирале отпад кај реката Лепенец, ниту создавале диви депонии, туку напротив го чистеле ѓубрето.


Од тука велат дека градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на Јавното претпријатие Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму го одлагале кабастиот отпад.

Во реакцијата на Општината се додава дека катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, Арсовска нема да ги покрие со политички мотивирани прес-конференции.

На Арсовска и порачаа наместо да кажува ловечки приказни да се погрижи за проблемите на градот, односно булеварите, воздухот, како и чекањето по повеќе часови на автобуски превоз, кој согласно нејзините заложби треба да биде бесплатен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK