Широката коалиција на ДПМНЕ и СДСМ совршено функционира кога се во прашање бизнис интересите. Ова заеднички го потврдија на последната Седница на Советот за минатата година, кога ја изгласаа „Годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Свети Николе за 2024 година“ во која се врши пренамена на обработливото земјоделското земјиште за фотоволтаици, велат од политичката партија Левица.
„И покрај бројните негодувања на граѓаните, пред се земјоделците, за пренамената на плодно земјиште во земјиште за фотоволтаици, партиите на власт, ДПМНЕ локално и СДСМ на централно ниво, продолжија да ја спроведуваат и уште еднаш покажаа дека воопшто не им е грижа за народот. Во годишниот план изгласаа плодното земјиште во атарот на селата Амзабегово, Горобинци, Пеширово и вон град Свети Николе на парцелите: КП 316, КП 317, КП 318, КП 319, КП 320, КП 321, КП 322, КП 323, КП 324 и КП 325, КП 1271, КП866/1, 866/2, 866/3 да се претвори во фотоволтаици.
Единствениот глас против овој „план“ беше од советникот на Левица, која како партија принципелно е против распродавањето на плодното земјоделско земјиште, за фотоволтаични панели, на буржоазијата во полет, која е на штета на земјоделците, кои со својата работа, од сите останати гранки најмногу допринесуваат за Буџетот на Општината.
Потсетуваме дека од оваа пренамена, ниту граѓаните, ниту земјоделците, па ниту буџетот на Општината ќе добие некаква корист, наспротив штетата која се прави на сите кои живеат овде“, велат од Левица.